Професионалните готвачи одамна го совладале овој проблем, а три експерти за „Simply Recipes“ откриваат како да го поправите пресоленото јадење.
Четири проверени методи за спасување пресолено јадење
1. Разредете ја течноста
Ако правите супа или сос, наједноставно решение е разредување. Поранешниот главен готвач Конор Сиргант препорачува да додадете вода, бујон или млеко, така ќе ја намалите концентрацијата на сол.
2. Додадете нешто скробно
Истиот готвач советува додавање неутрални намирници како компир, тестенини или ориз. Тие дел од солта ја впиваат и го ублажуваат вкусот. Ако ставите компир во супа, подоцна можете да го измиксирате за да добиете природна густина.
3. Маснотијата го омекнува вкусот
Готвачот Марк Хаксoл за пресолени сосови користи маснотии. Масло, путер или павлака ја обложуваат устата и делумно ја прикриваат солта, правејќи го вкусот понежен.
4. Киселината ја балансира солта
Кога ќе претера со солта, готвачот Ловман Џонсон додава киселина – лимон, оцет или некоја друга освежувачка нота. Иако не ја отстранува солта, киселината создава побалансиран, покомплексен вкус.
Како да солите како професионалец?
Најдобрата одбрана е превенцијата. За да избегнете грешка во иднина, гответе постепено и пробувајте редовно.
Држете лажичка покрај шпоретот и често дегустирајте, особено кај посложени јадења како домашни супи каде лесно се заборава дали сте веќе додале сол.
Зачинувајте во фази за да се развијат вкусовите, а последната поправка секогаш оставете ја за крај – така ќе добиете идеален баланс.
Извор: Index.hr
