На прес конференцијата ќе се обратат директорот на фестивалот, Небојша Јовановиќ, уметничкиот директор, Гена Теодосиевска, селекторот на програмата, Игор Анѓелков, како и претставници од екипата на филмот „Изгубениот сон на тимот од соништата“, кој ќе ја отвори јубилејната 10. сезона на фестивалот.
Медиумите се поканети да присуствуваат со свои новинарски екипи, фоторепортери и сниматели, со што ќе имаат можност да добијат ексклузивни информации за програмата и новитетите на фестивалот.
Јубилејното десетто издание на МФФ „Киненова“ ветува богата програма на интернационални и домашни филмски премиери, работилници и настани посветени на младите филмски автори и љубителите на киното.