Изложбата на скулптури создадени во склоп на партиципативниот проект на Озбек Ајваз

Преосмислување на урбаните простори: проект за јавни тоалети во Скопје

Во петок на 31 мај во 20.00 часот, КПЦ Јадро, ќе биде отворена изложбата на скулптури создадени во склоп на партиципативниот проект „Преосмислување на урбаните простори: проект за јавни тоалети во Скопје“ на уметникот Озбек Ајваз.

На изложбата ќе може да се погледнат слики и описи за скулптурите што беа поставени на повеќе јавни локации во Скопје придружени со документација од целиот процес на реализираните акции.

Скулптурите беа создадени со цел да се подигне свеста и да се информираат граѓаните за секојдневната опасност од патогените бактерии кои се појавуваат во места каде што не постојат јавни тоалети.

Недостигот од пристап на основни хигиенски услови ги изложува луѓето на ризик од контакт со различни патогени бактерии кои можат сериозно да му наштетат на човековото здравје. Недостигот на пристап до чиста вода, хигиенски средства и други санитарни хигиенски услови може да го зголеми ширењето на бактерии како клебсиела и протеус мирабилис да резултира со зголемен број на здравствени проблеми во заедницата.

За подобра заштита, есенцијално е да се обезбедат пристојни јавни тоалети, особено на јавни места како паркови, улици и трговски центри. Проширувањето на пристапот до хигиенски услови не само што го подобрува здравствениот статус на заедницата, туку и спречува ширење на заболувања и компромитирање на квалитетот на јавното здравје

Овој проект се реализира од месец јануари до мај во рамки на програмата Артс Хаб, на КСП Центар- Јадро, а се остварува со финансика поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Најново

Последни колумни