САД нема да го добијат Гренланд, изјави премиерот на оваа држава, Јенс-Фредерик Нилсен на Фејсбук како одговор на изјавите на претседателот на САД Доналд Трамп дека сака да преземе контрола над оваа самоуправна автономна територија под суверенитет на Данска.
-Претседателот Трамп вели дека САД да го добие Гренланд. Да бидам јасен: САД тоа нема да го добијат. Ние не припаѓаме на никого друг. Ние самите ја определуваме својата иднина – истакна Нилсен, пренесува Ројтерс.
Трамп повторно наговести дека би можел да употреби воената сила за да го преземе Гренланд, пренесе Политико. Тој ја засили својата опсесија со ова стратегиско острово, богато со минерали, во последните недели.
Трамп ова прашање го постави како главен приоритет на националната безбедност, а на новинарите им рече во петокот дека САД мора да ја добијат таа територија за да обезбедат позиција на Арктикот.