Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, денес пред членовите на Европскиот парламент изјави дека сака да ја продлабочи соработката со Европската Унија, во светлината на заканата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за можна анексија на тој остров.
Зборувајќи пред европратениците во Стразбур, Нилсен стана првиот лидер на Гренланд кој се обрати пред европратениците, што го означи како крај на она што го нарече „драматична година за Гренланд“, објави Брисел Политико.
„Светот се менува, и тоа брзо. На Гренланд му е потребна Европската Унија, а на Европската Унија ѝ е потребен Гренланд“, рече Нилсен.
Грендланд во последната година се најде во фокусот на јавноста откако американскиот претседател Доналд Трамп почна иницијатива овој остров да се припои кон САД, што доведе до бурни реакции како на Гренланд така и во Европа, особено во Данска под чија контрола е.