Премиерно „Ајде да имаме секс“ во Паблик Рум

На 9ти мај премиерно ќе се одигра театарската претстава „АЈДЕ ДА ИМАМЕ СЕКС”.  Билетите се по цена од 350ден. и може да ги набавите на продажната мрежа на drugastrana.mk.  Капацитет на публика: 60 луѓе. Претставата е наменета за гледачи постари од 16 години и е финансирана од Министерство за Култура.


“АЈДЕ ДА ИМАМЕ СЕКС” е театарска претстава работена според истоимениот текст на Валентин Красногоров.

Сексот не е тоа што мислиш!
Сексот не се само 15 минути!
Сексот е предмет кој треба да се учи во школо!
Сексот е трансакција!
Сексот е спротивно на осаменост!
Сексот е лек за сите болести!
Сексот е поздрав!
Сексот е одбивање!
Сексот е кулминација!
Сексот е фантазија со пенкало!

Значи доаѓаме до заклучок дека во општество во кое сите сме еднакви само по недостатокот на култура, единствената тема која сите ги интересира, ја разбираат и ја сакаат е СЕКСОТ…

Затоа ајде да се зближиме!
СЕКСОТ НОСИ МИР!
ДА ЖИВЕЕ СЕКСОТ!
ГЕНИТАЛИИ НА ЦЕЛИОТ СВЕТ ОБЕДИНЕТЕ СЕ!

Играат:
Жената – Ангела Димитрова
Мажот – Никола Кузелов
Професорот – Виктор Велевски
Девојката – Нела Павловска
Гласот на сестрата – Тања Кочовска

Благодарност до: Јавна Соба, Драган Мишевски, Павле Игновски, Лазар Христов, Оливер Милески, Дејан Митровиќ, Петар Стојаноски, Русе Арсов, Бојан Марковиќ, Тина Величковиќ, Театар Сенки и Облаци

Најново

Последни колумни