Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“ на Елеора Венинова

Во петок на 17 мај во 20 часот во Киноверзум – Дом на култура „Билјана Беличанец“, ќе биде премиерно прикажан краткометражниот филм „Прошетка“ во режија на Елеонора Венинова. 

Снимен во еден кадар, филмот ја раскажува приказната за едно девојче кое низ разговор со нејзиниот соговорник се обидува да дознае што се случило со баба ѝ. 

Филмот ја имаше светската премиера на престижниот Интернационален филмски фестивал во Леувен, Белгија, американската премиера на SEEfest во Лос Анџелес, а во следниот период следува и премиера на филмот во Шпанија.

Главните улоги се на Билјана Драгичевиќ и Надиа Кирковска.

Филмот е продуциран од Три Точки Продукција во соработка со ДНФ Филмс и поддршка на Вардар Филм. Финансиран е од Агенцијата за филм на Р. С. Македонија. 

Влезот е бесплатен, но потребна е претходна резервација на билет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни