Песната „Правда” е дел од последниот албум на Суперхикс, „Сила и Нервоза”. Создадена е со заеднички напори на двата бенда, автор на текстот е Борис Минов, додека музиката и аранжманот се дело на Суперхикс и 21Век. Продукцијата е реализирана во студиото „ТРА ЛА ЛА” во Скопје, под водство на искусниот продуцент Мите Димовски.
Режисер на видеото за „Правда” е Милан Блажевски, а Огнен Ацевски е директор на фотографија. Во главната улога на „Правдамен“ се појавува Александар Георгиев, додека останатите улоги ги толкуваат членовите на Суперхикс и 21Век.
Ова музичко видео претставува визуелно и аудитивно доживување кое ги спојува уметничките визии на двата бенда, создавајќи единствено дело на македонската музичка сцена.
Видеото од утре (3 март), од 12 часот ќе биде достапно на следниот линк: https://youtube.com/watch?v=IfFMJrEe610