Премиера на театарската претстава „Душан“

Овој проект претставува продолжување на заедничките напори и придонес на независните чинители кон одржување на вонинституционалната уметничка сцена и соработка помеѓу Македонија и Србија.

Атриум ја претставува новата продукција, театарската претстава „Душан“, според драмата „Мистерија Душан Васиљев“ од авторката Дуња Матиќ, во режија на Ана Пинтер, чии премиерни изведби ќе се одржат на 13 и 14 август со почеток од 21 часот.

Овој проект претставува продолжување на заедничките напори и придонес на независните чинители кон одржување на вонинституционалната уметничка сцена и соработка помеѓу Македонија и Србија. Претставата доближува нелинеарно дејствие коешто прикажува повеќе сегменти од животот на младиот поет Душан, којшто своеволно се пријавува во војна.

Преку деконструкција на односите со луѓето околу него, постепено ја градиме сликата за деструктивноста на војната, и одразот којшто таа го има врз човекот. Авторскиот тим потенцира дека во текот на процесот ги предводело прашањето што еден уметник може да направи со извесно трауматско искуство, но на начин што нема да ја експлоатира трагедијата, ниту пак жртвите, туку достоинствено ќе оддаде почит и спомен на нешто што како човештво не смееме да го повторуваме.

Играат: Александар Стоименовски Васко Костовски Нина Елзесер Ивица Димитријевиќ Драматургијата и адаптацијата на македонски јазик ги оствари Калија Киселички, преводот и продукцијата ги реализира Дино Чупевски, додека пак, зад графичкиот дизајн се потпишува илустраторката Матеја Николиќ, а фотографијата е на Александра Костадиновска.

Од Атриум искрено му се заблагодаруваат на колегата, актерот Анастас Тановски, за неговиот придонес, кој поради објективни причини не ја оствари докрај својата улога во претставата.

По премиерните изведби, во куќата на The Dude Specialty Coffee на ул. Апостол Гусларот бр.16 во Скопје, ќе следат регуларни изведби во септември, а понатаму и гостувања во Белград. Билетите се достапни во ограничен број преку веб-страницата: https://drugastrana.mk/event/dusan/

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам на РСМ и Канцеларијата за регионална младинска соработка (РИКО).

Од продукцијата изразуваат благодарност и до претставниците на The Dude Specialty Coffee & Пивара Скопје за поддршката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни