Премиера на монодрамата „Сите најубави нешта” со Игор Ангелов

Оригиналниот наслов на монодрамата е „Every Brilliant Thing“ , а приказната е за менталното здравје, за децата соочени со тешките животни моменти низ кои минуваат родителите, за механизмите на справување кои ги развиваме низ животот и за случките кои оставаат белези на растењето и на животот како возрасни

Премиерата на монодрамата „Сите најубави нешта” работена според мотиви на Данкан
МекМилан, во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на популарниот македонски актер Игор
Ангелов закажана е на 1 октомври во Центар – Јадро.


Оригиналниот наслов на монодрамата е „Every Brilliant Thing“ , а приказната е за менталното
здравје, за децата соочени со тешките животни моменти низ кои минуваат родителите, за
механизмите на справување кои ги развиваме низ животот и за случките кои оставаат белези на
растењето и на животот како возрасни. Заснована на вистинити и невистинити случки, оваа
монодрама потенцира колку е важно да остане надежта во фокусот и колку најмалите нешта на
животниот список се причина за радување.
„Се работи за посебно интимно театарско искуство во кое публиката добива задачи и е активно
вклучена од моментот на влегување во просторот за изведба. За време на „Сите најубави нешта”
гледачите се смеат и плачат, непријатно им е и се збунети, се радуваат и препознаваат и се
поттикнати да размислуваат за значењето на среќата и животот. Од претставата излегувате со
чувство на благодарност и олеснување. Вистинска катарза“, вели Игор Ангелов.

Претставата доби прва награда од публика на 25. јубилејно издание на Интернационалниот
фестивал на монодрама што се одржа 21-25 мај 2024 во Битола.
Влезниците за премиерата се веќе распродадени, а следните изведби се закажани на 4 /14 / 29
октомври во Центар – Јадро со почеток во 20.30 часот и влезниците за нив се достапни преку
мкtickets. Наскоро се очекува да бидат закажани изведби и во други градови низ Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни