На 18 октомври во 19:00 часот во Големата Сала НУЦК Марко Цепенков – Прилеп, Радио Пела во соработка со аматерскиот младински театар „Слободно театарче“ СОУ „Ґорче Петров” – Прилеп и Канцеларијата на Советот на Европа – Скопје, поддржано од Europe House, по повод 18-ти Октомври – Европскиот ден на борба против трговијата со луѓе, ќе ја отвори премиерната изведба на аматерската театарска претстава „Маѓепсан круг“.
Претставата вклучува четири приказни за борба против невидливите синџири што ги држат жртвите на присилни бракови и трговија со луѓе, со цел подигнување на јавната свест кај локалните заедници за борба против трговијата со луѓе и принудните детски бракови.