Премиера на „Литургија Zero: Пијани“ на Дејан Пројковски во Народниот Театар Штип

Претствата ќе биде трагикомична потрага по смислата на постоењето на човекот преку машко/женските односи и внатрешните конфликти и ќе ја истражува длабоката човечка потреба за љубов и потрага по смислата на своето постоење

Во сабота на 19 октомври, во Народниот Театар Штип ќе се одржи премиерата на ЛИТУРГИЈА ZERO: ПИЈАНИ во режија на Дејан Пројковски работена по текстови на Вирипаев, Достоевски и Хајам. Сценографијата е на Валентин Светозаров, костимите на Раде Василев, а композитор е Горан Трајкоски., додека пак драматург на претставата е Габриела Коцева Тулиев. Плакатот за претставта го дизајнираше Сергеј Светозаров.

Во претставаат играат: Владимир Тулиев, Пеце Ристевски, Миле Вратеовски, Никола Кузелов, Кристина Атанасова Арсова, Анѓелка Нашкова, Елена Шорова Дербов, Марија Минчева Андонов и Ава Хусеини.

Претствата ќе биде трагикомична потрага по смислата на постоењето на човекот преку машко/женските односи и внатрешните конфликти и ќе ја истражува длабоката човечка потреба за љубов и потрага по смислата на своето постоење. Ликовитете се во момент на големо пијанство кога се соочуваат со своите најдлабоки стравови и желби. Тие ја откриваат вистината за себе преку алкохолот кој служи како пат до нивната катарза. Во таа катарзична состојба ликовите се во потрага по љубов и смисла, но често не го гледаат ни она што е пред нив и е очигледно. “Човекот е битие кое не може да живее без љубов.“ Токму затоа е големата желба на ликовите за емотивно поврзување дури и во најапсурдните и смешни ситуации.

Другата голема тема во претставата е желбата на индивидуата за личен контакт со Бога се разбира во моменти на пијанство. Во современото општество, многу луѓе се соочуваат со чувството на осаменост и недостаток на смисла, што ја зголемува желбата за поврзаност и разбирање барем од Бога. Оваа тема ќе биде важна во претставата, а ликовите не само што се обидуваат да се поврзат меѓусебно, туку имаат силна потреба за личен контакт со Бога. Кога ликовите се пијани, тие почесто имаат моменти на искреност и откровение, каде што ги откриваат своите најдлабоки чувства. Претставата ќе си поигрува со жанровите бидејќи кога се ликовите пијани многу лесно и брзо од играчка се доаѓа до плачка. – вели Пројковски.

Следните изведби се закажани за 22 и 29 октомври.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни