Премиера на „Кучешко срце“ – храбра сатира на општеството во кое живееме

На малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вчера вечер премиернo беше изведена претставата „Кучешко срце“, копродукција со независна продукција „Вортекс“, а според Михаил Булгаков во режија на Ѓорѓи Ризески.

Претставата „Кучешко Срце“ од Михаил Булгаков е уникатен роман од кој со големо задоволство сакав и успеав да сработам фантастична претстава заедно со целата екипа која безрезервно се вложи во целиот процес и со многу љубов го направи истиот… Темата е актуелна … била некогаш – сѐ уште е ѝ денес… Затоа можеби ова дело е безвременско… Затоа и нашето време во претставата беше безвременско – време во кое живее и функционира дистопично општество, изјави Ѓорѓи Ризески, режисер на претставата.

„Науката уште не знае да ги претвори ѕверовите во луѓе, но затоа системот знае да ги претвори луѓето во ѕверови“ – главна тема на претставата во која што се прашуваат ликовите за кого е добар редот во кој живееме ние денес или некогаш некои луѓе? За оној што управува или за оној што е управуван? Или можеби би бил само фантазија ако е еднакво добар за двајцата.

Булгаков тогаш не би бил инспириран да го напише овој текст, а ние да ја поставиме оваа претстава, поентира Ризески.

Композитор на мзуиката е Алмир Бајрамоски, кореограф Сања Русеска, дизајн фотографија и видео Александар Арсовски.

Во претставата настапуваат актерите Никола Милошевски, Илин Јовановски, Матеј Стојковски, Ива Петровска, Кристина Гиева, Ванеса Тримчевска и Тодор Стојковски.

Најново

Последни колумни