„Мала шега“ ја имаше својата светска премиера на реномираниот филмски фестивал во Оденсе, Данска. Филмот неодамна беше прикажан и на фестивалот „Браќа Манаки“, а во наредниот период ќе се најде на програмите на фестивали во САД, Италија и Узбекистан.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Јана Никодиновска и Марко Илиевски, додека зад режијата и сценариото стои Трифун Ситниковски. Во продукцијата учествува и тим од реномирани филмски професионалци, како кинематограферот Сергеј Сарчевски, монтажерот Гоце Кралевски, композиторката Мартина Силјановска, и други.
Филмот е продуциран од ДНФ Филмс, во соработка со Истражувачка репортерска лабораторија и Изван Фокуса, а поддржан од Вардар Филм. Финансирањето е обезбедено од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Хрватскиот Аудиовизуелен Центар.