Филмот во тек на развојот и продукцијата е поддржан од EDU CUTS мрежата преку проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, со цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.
Режисер на филмот е Бојан Василев, по сценарио на Бојан Василев и Андреј Насков. Улогите ги толкуваат Миа Жиро, Изабела Новотни, Талиа Харалампиев, како и Игор Стојчевски и Стефан Ристевски.
Снимањето се одвивало на локации во Скопје и околината. Продуценти на „За Ева“ се Андреј Насков и Бојан Василев преку „Василеви продукција“.