На 17 ноември со почеток во 20:00 часот, на малата сцена на НУЦК Григор Прличев, ќе се изигра премиерната изведба на претставата „Хелверовата ноќ, во продукција на ЗУКЦ МЕДИА АРТЕС Охрид. Претставата е во режија на Александар Јовановски, а во неа играат Даријан Петров и Јасмина Билаловиќ. Базирана на истоимената драмата на најпознатиот современ полски драматург, режисер и професор Ингмар Вилквист (алијас Јарослав Свијершч) напишана во 1999 година, претставата на суптилен и потресен начин ја прикажува чудната врска помеѓу мајка и посинок – млад човек со посебни потреби.
Преку слоевитиот однос мајка-дете, старател-штитеник, брат-сестра, маж-жена, џелат-жртва, авторот гради интимна приказна за две различни суштества кои се обидуваат да најдат смисла и сигурност во свет кој секоја „различност“ ја дочекува со насилство и осуда.
Во атмосферата на тоталитарниот, фашистички занес од 1930-тите, „Хелверовата ноќ“ ја разоткрива трагичната судбина на оние кои не припаѓаат на мнозинството – оние за кои едноставно нема место во таков свет.
Режија: Александар Јовановски според оригиналниот/истоимениот текст на Ингмар Вилквист
Превод: Јасмина Билаловиќ. Драматуршка адаптација: Александар Јовановски. Играат: Даријан Петров, Јасмина Билаловиќ. Автор на музика: Лука Тошев. Избор на музика: Александар Јовановски. Сценограф: Симона Димковска. Костими: Павел Маслов. Дизајн на светло: Александар Јовановски. Тон-мајстор: Митко Серафимовски. Светло-мајстор: Илија Левески. Сценски работници: Ѓоко Китоски, Кире Ангелоски
Шминка и фризура: Павел Маслов. Дизајн на плакат: Филомена Дода
Билетите за премиерата, по цена од 400 МКД можат да се купат на билетарата на НУЦК “Григор Прличев”, Охрид, секој работен ден од 10:00-17:00 и на денот на изведбата од 10:00-20:00 ч.
Проектот е дел од Годишната прогарама на ЗУКЦ Медиа Артес, финансирана од Општина Охрид
Логистичка поддршка: КСП Центар-Јадро и НУЦК Григор Прличев.
