Премиера на „Flowers Symphony“ – нова летна традиција на Битолски Камерен Оркестар под ѕвездите на Хераклеја

Овој концерт е летниот пандан на култната „Виена во Битола“, проект кој секоја година се распродава за само неколку часа
Ice cream cone with pink flowers and leaves. Summer minimal concept. Flat lay.

Битола ова лето ќе биде сцена на еден сосема нов, уникатен музички настан – „Flowers Symphony“ (Симфонија на Цвеќињата) на Битолски Камерен Оркестар ⋮IWConnect, чие премиерно издание ветува незаборавно културно и емоционално доживување во волшебниот амбиент на античката Хераклеја.

Овој концерт е летниот пандан на култната „Виена во Битола“, проект кој секоја година се распродава за само неколку часа и чиј интерес постојано расте. „Виена во Битола“ веќе традиционално се одржува два до три пати во текот на зимата, и стана препознатлив белег на новогодишната елеганција и музичка префинетост во градот.

Следејќи го тој успех, „Flowers Symphony“ доаѓа како свежо, летно продолжение – проект кој ќе ја спои убавината на музиката со симболиката на цвеќињата. Во оваа симфонија што цвета под отворено небо, публиката ќе ужива во најубавите италијански канцони, изведени од три сопрани, кои наскоро ќе бидат
објавени, специјален гостин од Хрватска и Битолскиот Камерен Оркестар, во просторот каде времето застанало – античката Хераклеја.

Овој концерт ќе биде уметничка градина, полна со емоции, ноти што расцветуваат и сценографија инспирирана од природата и боите на животот. „Flowers Symphony“ ќе ја збогати културната понуда на Битола со содржини кои рамноправно стојат покрај најпрестижните музички проекти во регионот. Билетите се веќе пуштени во продажба, online и во Тобако Димпо, Битола.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни