Премиера на долгометражниот игран филм за деца „Бумбаровото лето“ во продукција на Круг Филм на Пулскиот филмски фестивал

Од македонска страна, како малцински копродуцент се јавува Круг Филм од Скопје, со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Долгометражниот игран филм за деца „Бумбаровото лето“ ја имаше својата светска премиера синоќа во преполната Арена во Пула, Хрватска, како дел од 72. издание на Пулскиот филмски фестивал.

Филмот е во режија на Даниел Кушан, а продукцијата ја потпишува Интерфилм од Загреб. Од македонска страна, како малцински копродуцент се јавува Круг Филм од Скопје, со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Во продукцијата учествуваше и македонска авторска екипа, составена од: Алисија Ферро – скриптерка,Симона Ристевска – авторка на маска,Ѓорѓи Стојчески – асистент на маска,и Дејан Крајчевски – продуцент.

Филмот „Бумбаровото лето“ претставува значаен пример за успешна регионална соработка и вложување во квалитетна детска кинематографија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни