Премиера на документарниот филм „Ветена земја“ во режија на Ќендрим Ријани

(l to r) Frances McDormand stars as Sue and Matt Damon stars as Steve in Gus Van Sant's PROMISED LAND, a Focus Features release. Credit: Scott Green

Документарниот филм „Ветената земја“ во режија на Ќендрим Ријани ќе биде премиерно прикажан вечер во киното „Фросина“ во Скопје. Филмот се базира на историски податоци собрани од албански историчари, но во голема мера има играна ориентација, бидејќи обработува уметничка реконструкција на вистински настани објавени во книгата „Мојот живот под нацистичка окупација – Мемоари на Мими Камхи Ергас – Фараџи“.

Режисерот Ќендрим Ријани, вели дека овој филм го почнале пред пандемијата, но пандемијата многу ја искомплицирала работата, бидејќи снимањето морало да се одвива во неколку земји.

„Откако ја продолживме работата, започна израелско-палестинската војна, што го отежна снимањето во Израел и добивањето поддршка таму. Сепак, на крајот успеавме. Верувам дека имаме скромно добар проект, кој сведочи за навистина трагична приказна, но од друга страна ги истакнува високите доблести на нашиот народ“, рече Ријани.

Филмот обработува помалку познат аспект од депортацијата на Евреите од Скопје во март 1943 година, односно т.н „албанска врска“, каде со помош на Албанци од Македонија, Косово и Албанија се спасени голем број Евреи. Во Албанија, тие се прифатени од албански семејства, а поради италијанската окупација нивниот третман не е толку строг како во земјите под директна германска, нацистичка окупација.

Голем дел од бегалците Евреи во Албанија добиваат лажни документи, се натурализираат и наскоро започнуваат да работат таму, прифатени како „свои“.

Во филмот се прикажува голготата на преминувањето на албанската граница од страна на Мими и нејзиниот сопруг Алберто, кои, предупредени од албански пријател за неодамнешна полноќна рација, ги оставаат сите други членови на семејството Фараџи и бегаат неколку часа пред рацијата. Мими е бремена, и станува збор за избор – живот за новото бебе што доаѓа во безбедна Албанија или заедничка смрт со целото семејство.

Сценариото е на Венко Андоновски, а продукцијата  „Трипл С“. Филмот е финансиран од македонската Агенција за филм и Министерството за Култура на Косово. Сниман е во Северна Македонија, Косово, Албанија и Израел.
Освен во Скопје, филмот ќе се прикажува и во други земји.

Ќендрим Ријани е еден од најпрогресивните и иновативните театарски режисери во нашата земја. Работи во Албансиот театар во Скопје  и обработува важни теми, големи драмски текстови и автори. Соработува и со други театри и меѓу најпознатите претстави се издвојуваат тој со Битолскиот театар, „На дното„, „Жени во собрание„ Театар Комедија, „Слепци„ Турскиот театар, „Макбет„ Националниот театар на Косово.  Добитник е на многу награди како и на признанието „Успешни млади„ доделено од претседателот Стево Пендаровски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни