Денес во 19 часот во Кино Фросина во МКЦ ќе се одржи премиера на документарниот филм „Промени го крајот на нечија приказна”, изработен во рамките на проектот „Поддршка на системот за трансплантација” финансиран од Европската Унија.
Документарниот филм, во продукција на „Види вака“ ги следи животните приказни на пациенти, донори и медицински професионалци кои се дел од системот за трансплантација, прикажувајќи ги предизвиците и успесите во оваа важна област на медицината.
Органодонорството претставува еден од најблагородните чинови на солидарност и хуманост. Во нашата држава, како и во светот, илјадници пациенти чекаат за трансплантација која буквално значи втора шанса за живот. Секој донор може да спаси до осум животи и да го подобри квалитетот на живот на многу повеќе луѓе.
Системот за трансплантацијa бележи континуиран напредок, но сè уште се соочува со предизвици во поглед на свеста за донирање органи. Самиот проект направи позитивни поместувања во системот а иницијативи како овој филм се од клучно значење за едукација на јавноста и разбивање на стереотипите поврзани со органодонорството.
Режисерка и сценаристка е Христина Ѓорѓиевска Илиевска. Сниматели: Лоран Бајрами, Горан Бошковски
Монтажер: Никола Јакимов а породуценти: Мите Кузевски и Горан Игиќ