Прелиминарни резултати од изборите на Косово: Води Самоопределување со 41,14% гласови

Според тие податоци, Самоопределење (ПС) освоил 307.567 гласови, ДПК 164.413, ДСК 132.157, АБК со Иницијативата 57.177, а Српска листа 30.240 гласови.

Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово објави прелиминарни резултати од вчерашните парламентарни избори, според кои движењето Самоопределување освоило најголем број на гласови, односно 41,14%.

По обработката на гласовите од 88,59% од избирачките места (2.244 од вкупно 2.533), на второ место е Демократската партија на Косово (ДПК) со 21,99%, додека на трето место е Демократскиот Сојуз на Косово (ДСК) со 17,68%. Четврта е коалицијата на Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската иницијатива (АБК Иницијатива) со 7,65%, додека Српска листа добила 4,05%.

Коалицијата за семејството добила 2,30% од гласовите, но не го преминала изборниот праг.

Според тие податоци, Самоопределување (ПС) освоил 307.567 гласови, ДПК 164.413, ДСК 132.157, АБК со Иницијативата 57.177, а Српска листа 30.240 гласови.

Претседателот на ЦИК на Косово, Крешник Радониќи, изјавил синоќа за приштинските медиуми дека поради технички проблеми со веб-страницата, продолжиле со рачно броење на гласовите, поради што прелиминарните резултати биле објавени дури денес околу 9 часот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни