Прелиминарен извештај на ОБСЕ/ОДИХР за изборите во Албанија: Конкурентни и професионални, одржани во поларизирана клима

Набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР го презентираше прелиминарниот извештај за текот на вчерашните парламентарни избори во Албанија, во кој се оценува дека  изборите „беа конкурентни и спроведени професионално, но се одржаа во поларизирана клима“.
 
Се додава дека денот на изборите беше „мирен и добро организиран, имаше непочитување на процедурите, беа забележани неколку инциденти на заплашување и влијание врз гласачите поради проблеми со процедурите и транспарентноста“.
 
– Изборите беа конкурентни и спроведени професионално, но се одржаа во поларизирана клима. Кандидатите можеа да водат кампања, иако беа пријавени некои случаи на заплашување од нивна страна. Владејачката партија имаше корист од употребата на административни ресурси за време на кампањата. Имаше извештаи за притисок врз гласачите, особено во администрацијата. Двете главни партии беа оние што имаа најголема медиумска покриеност, се нагласува во извештајот.
 
Претставниците на ОБСЕ, исто така, ја пофалија улогата на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) во истрагата на изборн криминал.
 
„СПАК одигра позитивна улога во истрагата на изборниот криминал и се виде дека имаше можен ефект на одвраќање врз изборниот криминал. Подготвени сме тесно да соработуваме со Парламентот и силите што ќе бидат избрани во најдобар интерес на албанскиот народ. Гласањето на дијаспората е достигнување за албанската демократија, изјави Ламберто Заниел, шеф на набљудувачката мисија.
 
Подготвени сме да ги решиме отворените прашања. Подготовките за изборите беа добро организирани, имавме соработка со ЦИК. На денот на изборите, видовме дека во некои центри имаше гласачи кои не знаеја како да гласаат, видовме дека обуката на членовите на комисијата можеше да биде поефикасна.
 
Според него, по неколку измени во изборниот систем и гласањето на дијаспората,  претходни препораки остануваат непроменети.
 
-Подготвени сме да ги решиме отворените прашања. Подготовките за изборите беа добро организирани, имавме соработка со ЦИК. Но на денот на изборите, видовме дека во некои центри имаше гласачи кои не знаеја како да гласаат, видовме дека обуката на членовите на комисијата можеше да биде поефикасна, нагласи тој.
 
Заниел потсети дека во Тирана пристигнал на крајот на март, на 2 април формално почнало набљудувањето, потоа пристигнале 26 долгорочни набљудувачи, потоа набљудувачката мисија била зголемена на 240 лица. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни