Прекувремената работа негативно влијае врз мозокот

Оваа студија доаѓа како дополнителен доказ за опасностите од прекувремената работа. Истражување спроведено во 2021 година, под раководство на Френк Пега, веќе покажа дека прекумерната работа има сериозни здравствени последици.

Најновата јужнокорејска студија открива дека долготрајната и прекувремена работа предизвикува значајни промени во структурата на мозокот – резултат на комбинација од физичка и емоционална пренапрегнатост, пренесуваат денеска светските медиуми.

Истражувањето, спроведено од двајца научници од универзитетите Чунг-Анг и Јонсеј, опфатило 110 здравствени работници, поделени во две групи.

Во првата група биле вклучени лица кои работеле најмалку 52 часа неделно, додека во втората биле вработени со стандардно работно време, објави Си-Ен-Ен (CNN).

Резултатите покажуваат дека кај оние кои редовно работеле прекувремено се забележани значителни промени во делови од мозокот кои се одговорни за когнитивните и емоционалните функции. Научниците сметаат дека овие промени се последица на хронична преоптовареност и замор.

Професорот Јун Јул Чои, коавтор на студијата, истакнува дека овие промени – барем делумно – може да се ублажат доколку се елиминираат изворите на стрес. Сепак, за целосно враќање на мозокот во првобитна состојба, потребно е значително повеќе време.

Оваа студија доаѓа како дополнителен доказ за опасностите од прекувремената работа. Истражување спроведено во 2021 година, под раководство на Френк Пега, веќе покажа дека прекумерната работа има сериозни здравствени последици.

„Наодите од новата студија се значајни и може да помогнат во подобро разбирање на тоа колку сериозно прекувремената работа влијае врз физичкото и менталното здравје на вработените“, изјави Пега.

Научниците упатуваат апел до владите, работодавците и самите работници – заеднички да преземат мерки за заштита на здравјето на работната сила.

„Станува збор за мала, но релевантна студија, базирана на прецизни невролошки мерења. Нејзините заклучоци се применливи на пошироката популација и отвораат важна дебата за влијанието на прекувремената работа“, додаваат авторите на истражувањето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни