Од 26-ти до 30-ти август ќе се одржи Прекуграничната Летна Школа 2024, во Националниот Парк Преспа, Албанија.
Организирана од PPNEA и активно поддржана од Македонско еколошко друштво и SPP од Грција, оваа Летна Школа ветува уникатнo искуство, споделувајќи знаење од сите три страни на Преспанскиот басен.
„Да ги обединиме границите и да ги истражуваме напорите за зачувување на биодиверзитетот со експертите на ПреспаНет, кои повеќе од десет години се посветени на заштита на природата. Придружете се на нашата програма за Летната Школа со фокус на: Проучување на водните птици: Попис, методи за идентификација и нивното значење, мониторинг на цицачи: Набљудување на клучните видови во Националниот Парк Преспа, мониторинг на риби и влекачи: Теренска работа на методологии за мониторинг„ велат организаторите.
Повеќе детали се достапни на линкот: https://ppnea.org/prespa-summer-school-2024/?lang=en