Партнерските организации Eko-svest, EuroNatur, Македонско еколошко друштво, Καλλιστώ – Грција и Protection and Preservation of Natural Environment in Albania – Албанија ги здружија силите за заеднички да ги промовираат напорите за зачувување на кафеавата мечка во југозападен Балкан.Организациите кои се дел од проектот, одржаа прв состанок во Берат, Албанија на 15-16 ноември.
Врз основа на успешните резултати од првата фаза на проектот, организациите во втората фаза на Прекуграничниот проект за заштита на кафеавата мечка – #ТББЦ имаат за цел да ги зајакнат иницијативите, како на стратешко, така и на практично ниво за заштита на кафеавата мечка и нејзините живеалишта на прекугранично ниво.
Проектот се фокусира на неколку клучни области:
– Промовирање на прекуграничната соработка за заштита на кафеавата мечка
– Подобрување на поврзаноста на популациите и живеалиштата на кафеавата мечка
– Мониторинг на кафеавата мечка во важни области меѓу трите земји
– Ублажување на конфликтите помеѓу човекот и мечката со воспоставување и поддршка на работата на Интервентни тимови
– Решавања на тековни проблеми и борба со криминалот врз дивиот свет
– Зајакнување на јавната свест
– Еколошко образование