Преку пресврт Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето на фјучрсот во Селва Гардена што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Таа денеска во мечот од второто коло ја совлада осмата носителка Амарни Бенкс од Велика Британија со 2-1 во сетови (57 63 62) за два часа и 26 минути игра.

Македонската тенисерка имаше двојно повеќе освоени гемови на сервис од противничката и скорот на освоени поени беше 105:89 за Лина.

Во првиот сет Бенкс направи брејк во четвртиот гем и поведе со 3:1 во гемови, а потоа водеше со 4:1 и 5:2. Во осмиот гем нашата тенисерка спаси три сет топки, а ги доби и трите гема за 5:5. Сепак ривалката направи брејк во 11.тиот гем за водство од 6:5, а сетот го доби со 7:5. Во следниот сет по 1:0 за Бенкс, Ѓорческа направи брејк за водство од 2:1 во гемови и го навести пресвртот. Предноста Лина ја имаше до 5:3 во гемови, а во девттиот гем направи уште еден брејк за 6:3 и 1:1 во сетови.

Во решавачкиот сет противничката направи брејк за водство од 1:0, а Ѓорческа веднаш со ри-брејк изедначи на 1:1. По 2:2 во гемови целосна доминација на македонската тенисерка скоорот на поени беше 17:7 и четири освоени гемови за освојување на сетот со 6:2 во гемови.

Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против квалификантката 16-годишната Американка Тајра Катарина Грант (916 место на ВТА) која со 2-1 (61 36 62) во сетови ја елиминираше првата носителка Катинка фон Дајхман од Лихтенштајн.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни