Изложба на Родољуб Анастасов

Преку 200 портрети во рамки на изложбата „Визии – Глава полна со луѓе“

Музеј на Град Скопје организира изложба со најновите дела од реномираниот македонски сликар Родољуб Анастасов. Извонредниот портретист од својот мемориски трезор ќе изложи повеќе од 200 портрети, насликани во периодот 2016-2022година.

“ВИЗИИ-Глава полна со луѓе“ вчера беше поставена во Салон 2 , Музеј на град Скопје.

На отворањето на изложбата се обратија Директорот на Музејот на град Скопје д-р Панче Велков,авторот на каталогот Љубен Пауновски и кураторот на Изложбата Јасмина Намичева.

Родољуб Анастасов е роден во Скопје, на 25 февруари 1935 година. Тој е еден од најважните автори во современата македонска уметност. Во 2009 година, Американскиот биографски институт го вброи меѓу 500 најголеми автори на 21 век. Во 1962 година дипломирал на Уметничката академија во Белград. Од 1963 до 1965 година бил на робија на Голи Оток.

По враќањето во Скопје почнал да работи на полето на нефигуративната уметност. Од 1980 година до пензионирањето бил професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во 2011 година, Анастасов на Музејот на град Скопје му подарил колекција од вкупно 389 ликовни дела.

Родољуб Анастасов го негува портретниот жанр, пасионирано и сериозно и тој претставува една од централните теми на неговото богато сликарско творештво.

Најново

Последни колумни