Преку 10.000 граѓани на улиците: Младите ја кренаа државата на нозе – правда или бунт!

Скопје вечерва сведочеше на еден од најмасовните протести во поновата историја – над 10.000 граѓани, пред сè млади луѓе и студенти, маршираа низ улиците со тага во срцата и гнев во гласовите. Ова не беше само протест – ова беше крик на една генерација што не прифаќа неправда, што не дозволува убијците да бидат заштитени од системот.

„Протестираме за другарка, за колешка, за една од нас, но и за сите што утре може да бидат на нејзино место!“ – извикуваа демонстрантите, јасно ставајќи до знаење дека младите нема да молчат. Ако тие станат, нема власт што ќе ги урне! Тие се силата на оваа држава, и вечерва тоа го докажаа.

Протестот заврши мирно, но со јасна порака – ова не е крај, туку почеток. Ако институциите не покажат дека правда постои, улиците повторно ќе се наполнат. Овој глас не може да се замолчи, оваа битка нема да заврши додека не завладее правдата.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни