Прекинува поддршката за Windows 10 – еве како да добиете бесплатни ажурирања

Од денес, 14 октомври 2025 година, компанијата Microsoft официјално ја прекинува поддршката за оперативниот систем Windows 10, што значи дека корисниците повеќе нема да добиваат безбедносни и технички ажурирања.

Оваа промена ги прави уредите кои и понатаму ќе работат на Windows 10 подложни на хакерски напади и губење на податоци, предупредуваат експертите.

Крај на поддршката за Windows 10

Иако Microsoft одамна најави дека поддршката ќе престане во 2025 година, голем број корисници сè уште користат Windows 10, особено оние со постари или некомпатибилни уреди, пишува The Independent.

Според ИТ-специјалистите, прекинот на поддршката значи дека системот веќе нема да биде „безбеден по дифолт“ – новите безбедносни пропусти нема да бидат закрпени, што остава „отворени врати“ за напаѓачите. Со текот на времето, се очекува и пад на перформансите на системот.

Две можности за корисниците

Microsoft нуди две опции за оние кои сè уште користат Windows 10:

  1. Бесплатно ажурирање на Windows 11 – доколку уредот ги исполнува техничките услови, корисниците можат да ја преземат новата верзија без дополнителни трошоци.
  2. Регистрација во програмата за продолжени безбедносни ажурирања (ESU) – доколку не можете веднаш да преминете на Windows 11, можете бесплатно да се пријавите во овој програм преку вашиот Microsoft-налог.

За активирање на ESU-програмата, потребно е да ја изберете опцијата „Back up your PC settings“ и да ја синхронизирате поставеноста преку OneDrive.

Пред секое ажурирање, препорачливо е да направите резервна копија на сите ваши документи, слики и важни фајлови за да избегнете можен губиток на податоци.

Зошто е важно ажурирањето

По прекинот на поддршката, Windows 10 повеќе нема да добива бесплатни безбедносни закрпи, што значи дека секој уред што останува на овој систем станува потенцијална цел на сајбер-напади.

ИТ-експертите предупредуваат дека со секој изминат ден ризиците се зголемуваат, а лажните понуди, фишинг-пораки и малициозни мејлови ќе станат сè почести.

Затоа, корисниците треба веднаш да проверат дали нивниот компјутер може да ја поддржи надградбата на Windows 11 или да се приклучат на ESU-програмата како привремено решение.

И најважно – сочувајте ги вашите податоци уште денес, за да избегнете непријатни последици во иднина.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни