Делови од Скопје денеска повторно се соочуваат со прекини во снабдувањето со вода и електрична енергија, поради дефекти на водоводната мрежа и планирани технички интервенции во електродистрибутивниот систем.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека без вода од 9 часот ќе останалт корисници на улицата „Светозар Марковиќ“, дел од булеварот „Кочо Рацин“, како и објектот „Веро Џамбо“. Причината е уличен дефект на водоводна цевка, а водоснабдувањето ќе биде во прекин до завршување на санацијата.
Истовремено, од ЕВН Македонија соопштија дека поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, прекини на струја ќе има во делови од општините Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода.
Станува збор за редовни активности за одржување и подобрување на мрежата, а напојувањето со електрична енергија ќе биде обновено по завршување на зафатите, согласно најавениот распоред.
Надлежните апелираат до граѓаните за трпение и разбирање додека траат интервенциите, а доколку дефектите не бидат отстранети во најавениот рок, корисниците да се обратат директно до службите за корисничка поддршка на јавните претпријатија.