Прекини на струја и вода во делови од Скопје

Без вода на булевар „Видое Смилевски – Бато“, исклучувања на струја во Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром

Дел од скопските населби денеска ќе бидат без вода и електрична енергија поради дефект на водоводната мрежа и планирани технички зафати во електродистрибутивниот систем.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека од 10:30 часот без вода се дел од корисниците лоцирани на булевар „Видое Смилевски – Бато“ број 55, од ниска зона. Причина за прекинот е уличен дефект на приклучна водоводна цевка Ф-80 милиметри на истата адреса. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Од ЕВН Македонија соопштуваат дека поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска делови од општините Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром ќе останат без електрична енергија.

Според распоредот на исклучувања, во општина Бутел од 08:30 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „2“ во село Љубанци. Во периодот од 08:30 до 15:00 часот исклучување е најавено за улица „101“ во Волково.

Во општина Аеродром, од 09:00 до 12:00 часот прекин на снабдувањето со електрична енергија ќе има на улиците „1“ и „9“ во Долно Лисиче.

Од надлежните институции информираат дека водоснабдувањето и напојувањето со електрична енергија ќе бидат нормализирани по завршување на интервенциите и техничките активности.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни