Инцидентот се случил околу 11:30 часот по локално време, кога авион на United што слетал од Хјустон бил опколен од полициски и противпожарни екипи. Леталото било преместено на источниот дел од пистата, додека службите спроведувале безбедносна проверка.
Патниците биле евакуирани и пренесени во терминалот, а сите летови кон и од Вашингтон биле привремено стопирани, што предизвикало сериозни доцнења и пренасочувања кон други аеродроми.
Патникот Бен Раднор објави на социјалните мрежи дека неговиот авион на Delta Airlines не смеел да се помести од пистата: „Наводно има дојава за бомба во авион на United што слета од Хјустон. Никој не смее да се движи.“
Од аеродромот потврдија дека сите активности се стопирани додека не заврши безбедносната проверка и истрагата. Засега не е потврдено дали заканата била вистинита, а федералните служби ги координираат сите активности на терен.
Инцидентот доаѓа во време кога САД се соочуваат со зголемени безбедносни мерки на транспортните системи, особено во пресрет на претстојната празнична сезона.
Извор: Vecernji.hr