Центар без струја осум часа: Планиран прекин на „Партизански одреди“ и „Климент Охридски“

Дел од строгото централно подрачје на Скопје утре ќе биде без електрична енергија од 07:30 до 15:30 часот. Погледнете кои улици се опфатени со прекинот.

Дел од строгото централно подрачје на Скопје утре ќе остане без електрична енергија поради најавени технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Според информациите, прекинот е планиран за петок, 27 февруари 2026 година, и ќе трае од 07:30 до 15:30 часот.

Без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Новопроектирана 2“, како и одредени објекти и деловни локали на булеварот „Партизански одреди“ (броеви 15–17) и булеварот „Климент Охридски“.

Од надлежните информираат дека станува збор за редовни активности за одржување и подобрување на електросистемот, а граѓаните се повикуваат навреме да ги планираат своите обврски во периодот на прекинот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни