Прекин на водоснабдувањето во дел од општина Бутел

Дел од жителите на општина Бутел денеска ќе останат без вода поради техничка интервенција на водоводната мрежа.

Од 10:30 часот, без водоснабдување ќе бидат корисниците на улиците „Натанаил Кучевишки“, „Краишка“ и „Хо Ши Мин“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, прекинот е предизвикан од замена на вентил на улица „Натанаил Кучевишки“ бб, во близина на градинката „11 Октомври“.

Водоснабдувањето ќе биде повторно воспоставено по завршување на планираните работни активности.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни