Прекин на вода во Карпош и исклучувања на струја во Чаир и Студеничани

Дел од жителите на општините Карпош, Чаир и Студеничани денеска ќе се соочат со прекини во снабдувањето со вода и електрична енергија, соопштија надлежните компании.

Прекин на вода во Карпош

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради изведување водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улицата Ристо Равановски бр. 8, без водоснабдување ќе останат корисниците на истата улица.

Прекинот ќе трае од 09:00 часот, па сè до завршување на интервенцијата.

Исклучувања на струја во Чаир

ЕВН Македонија најавува дека во периодот од 08:00 до 16:00 часот без електрична енергија ќе останат:

  • корисниците на улиците бр. 90, 131 и 191,
  • станбените објекти и деловните простории во околината на улицата 26 Јули,
  • хотелите Хамбург и Аен,
  • Казино Сенатор и адвокатското друштво Калач.

Исклучувања на струја во Студеничани

Во периодот од 09:00 до 16:00 часот, струја ќе немаат и корисниците во:

  • селата Драчевица, Цветово и Алдинци,
  • викенд-населбите Вили Китка,
  • Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава.

Надлежните апелираат граѓаните навреме да ги прилагодат своите активности на најавените прекини и уверуваат дека работните екипи ќе работат на што побрзо нормализирање на снабдувањето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни