Дел од корисниците во општините Центар, Зелениково и Ѓорче Петров ќе останат без струја изутринава, соопшти РЦУК – Скопје.
Според информациите од ЕВН Македонија АД:
Во Центар, без струја од 08:30 до 10:00 часот ќе останат дел од корисниците на улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“, како и објектот на Музејот на Современа Уметност.
Во општина Зелениково, прекин ќе има од 08:30 до 15:00 часот за селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница.
Во населбата Даме Груев, општина Ѓорче Петров, корисниците околу ул. „Австралиска“ бр. 5 ќе останат без струја од 09:00 до 15:00 часот.
Граѓаните се советуваат да се информираат за прекините и да преземат соодветни мерки.
