Прекин на сообраќај и забрана за движење на возила поради снегот

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ:  Од 16:15 ч. во прекин е сообраќајот на патниот правец Охрид-Ресен, поради сообраќајна незгода.

ЗАБРАНИ:

Воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци:

  • Дебар – Маврово
  • Охрид – Кичево (Пресека)
  • Кичево – Гостивар (Стража)
  • Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема).
  • Битола – Ресен (Ѓавато)
  • Ресен – Охрид (Буково)
  • Прилеп – Македонски Брод

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Синтек инженеринг ДООЕЛ известува дека на автопатот Демир Капија – Смоквица во период од 23.12.2024 до 23.01.2025 ќе се одвива реконструкција на левата тунелска цевка од Тунел Т1. Во тој период левата тунелска цевка ќе биде целосно затворена за сообраќај додека сообраќајкот ќе биде пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни