Прекин на електрична енергија во Јаболци и Горно Нерези денеска

Жители на две скопски општини денеска ќе се соочат со планирани прекини на снабдувањето со електрична енергија.

Жителите на селото Јаболци во општина Сопиште денеска ќе бидат без електрична енергија во периодот од 09.00 до 11.00 часот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

Прекин на струја е најавен и за дел од корисниците во скопската населба Горно Нерези, во општина Карпош, каде напојувањето ќе биде стопирано од 11.00 до 15.00 часот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни