Прехранбени производи за кои мислевте дека се штетни, а всушност се здрави

„Фокусирајте се на минимално преработени производи и слушајте ги сигналите што ви ги испраќа телото, за да го поддржите вашето здравје и благосостојба, додека умерено уживате – во повеќето работи.“

Постојат намирници кои имаат многу лоша репутација. Тоа се оние што обично ги ставаме на „црната листа на нездрава храна“ и кои, ако воопшто ги консумираме, ги јадеме со чувство на вина. Сепак, таа репутација не е секогаш заслужена, пишува Zadovoljna.rs.

Некои од овие „проблематични“ намирници всушност не се толку штетни како што се мисли – напротив, според понови истражувања, можат да бидат и корисни за здравјето.

Повеќето нутриционисти се согласуваат дека етикетирањето на храната како „добра“ или „лоша“ не е корисно кога станува збор за долгорочни цели на исхраната. Како што вели д-р Стивен Дамер, директор на Центарот за интегративна медицина Ендру Вајл во Аризона:
„Обидот целосно да се исклучат одредени намирници од исхраната најчесто предизвикува непотребна вина.“

Д-р Дамер нагласува дека треба да се гледа поширокиот контекст во кој се консумира храната и рамнотежата на целокупната исхрана.

„Фокусирајте се на минимално преработени производи и слушајте ги сигналите што ви ги испраќа телото, за да го поддржите вашето здравје и благосостојба, додека умерено уживате – во повеќето работи.“

10 прехранбени производи кои погрешно се сметаат за штетни:

Јајца

Сметани за бомба од холестерол, но бројни истражувања покажуваат дека не го зголемуваат вкупното ниво на холестерол во крвта. Богати се со протеини, здрави масти, витамини (A, D, E, B12), холин и минерали (селен, цинк). Најдобро е да се јадат варени, поширани или како кајгана – избегнувајте пржење.

Компир

Погрешно етикетиран како „празен јаглехидрат“. Содржи витамин C, калиум, влакна, флавоноиди и отпорен скроб кој го подобрува здравјето на цревата и инсулинската чувствителност. Најздрав е кога се јаде изладен и со кора.

Кафе

Умерено консумирано (до 4 шолји дневно), е богато со антиоксиданси и е поврзано со намален ризик од Алцхајмерова, Паркинсонова болест, срцеви заболувања и дијабет тип 2.

Путер

Иако богат со масти, содржи корисни масни киселини, витамини A и E и CLA (конјугирана линолеинска киселина) која го зајакнува имунитетот и има антиканцерогено дејство. Најздрав е путер од крави хранети со трева. Клучот е во умереноста.

Сирење

Добар извор на калциум, здрави масти, протеини, витамин B12 и фосфор. Ферментираните сирења имаат пробиотски својства. Млечните производи генерално придонесуваат за здравјето на цревата и имунитетот ако се консумираат умерено и во квалитетна форма.

Црвено месо

Иако контроверзно, квалитетното црвено месо е одличен извор на протеини, витамин B12, железо и цинк. Препорачана количина е 300–600 г неделно за возрасни.

Полномасно млеко

Истражувањата покажуваат дека млекото со полна масленост може да помогне во превенција од дебелина и дијабет тип 2. Количината и квалитетот се клучни – консумирајте умерено и комбинирајте со здрави намирници.

Јаткасти плодови

Иако високо калорични (650–700 kcal/100 g), тие се многу корисни поради здравите масти, влакна, витамини и минерали. Го подобруваат здравјето на срцето, дигестијата и рамнотежата на шеќерот. Идеална порција: 28 г дневно (една шака). Изберете несолени и непечени.

Црно чоколадо

Богато со антиоксиданси и полифеноли – добро за срцето, мозокот и имунитетот. За да биде здраво, црното чоколадо треба да содржи најмалку 70% какао. Млечното и белото чоколадо немаат исти придобивки.

Масна риба

Риби како лосос и сардини содржат здрави масти – омега-3 и мононезаситени киселини, кои го чуваат здравјето на срцето и мозокот. За вегани: слични масни киселини се наоѓаат во ленени семки, авокадо, јаткасти плодови и алги.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни