Преговорите за мир во Украина продолжуваат на 23 март во Саудиска Арабија со разговори меѓу Русија и САД

Владимир Зеленски, изјавил дека Киев ја поддржува позицијата за целосно прекинување на нападите врз енергетскиот сектор, но ќе даде одговор откако ќе ги добие деталите за постигнатиот договор од Вашингтон

Претставниците на на Русија и на Соединетите Амерички Држави ќе разговараат за деталите на договорите постигнати по разговорите на претседателите на двете земји, Владимир Путин и Доналд Трамп, во недела, 23 март, во Џеда, соопшти е специјалниот претстваник на претседателот на САД, Стив Виткоф.
Тој нагласил дека САД очекуваат Украина да ги поддржи тие договори и прецизирал дека нацрт договорот за прекин на огнот помеѓу Киев и Москва се однесува на нападите врз инфраструктурата во целина, а не само врз енергетскиот сектор.

Според зборовите на Виткоф, страните се согласиле за два клучни аспекти, а тоа се прекин на нападите врз енергетската и другата инфраструктура, како и на Црно Море.


Според неговата проценка, контактите на Москва и Вашингтон за конфликтот во Украина носат позитивни резултати.

Специјалниот претстваник на американскиот лидер навел дека делегацијата на САД на претстојниот состанок ќе ја предводи државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц.

Како што претходно соопштил Кремљ, претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, одржале детални и отворени разговори за Украина. Рускиот лидер позитивно реагирал на иницијативата двете страни во конфликтот да ги прекинат нападите на енергетската инфраструктура на 30 дена.

Во врска со тоа, шефот на кијевскиот режим, Владимир Зеленски, изјавил дека Киев ја поддржува позицијата за целосно прекинување на нападите врз енергетскиот сектор, но ќе даде одговор откако ќе ги добие деталите за постигнатиот договор од Вашингтон.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни