Предупредувања за токсичен дожд по израелскиот напад врз нафтените депоа во Иран

Густи облаци од црн чад се креваа над иранската престолнина по нападот, додека пожарите во погодените нафтени постројки го загадуваат воздухот

Иранското друштво Црвена полумесечина ги предупреди граѓаните на опасноста од токсичен кисел дожд откако израелските напади ги погодија нафтените депоа во Техеран.

Густи облаци од црн чад се креваа над иранската престолнина по нападот, додека пожарите во погодените нафтени постројки продолжуваат да го загадуваат воздухот.

Според извештајот на Асошиејтед Прес, ова е прв напад врз цивилен индустриски објект од почетокот на конфликтот.

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека американските и израелските напади досега оштетиле околу 10.000 цивилни згради низ целата земја.

Во објава на социјалните мрежи, организацијата ги предупреди жителите за опасностите што ги претставуваат пожарите во нафтените постројки и им советуваше на граѓаните да останат во затворен простор за да избегнат изложеност на токсични загадувачи.

Граѓаните се предупредени да не излегуваат надвор по врнежите од дожд поради можноста од токсичен кисел дожд.

Организацијата, исто така, понуди здравствени совети, наведувајќи дека луѓето кои вдишале масни честички саѓи од црн чад можат да гаргараат со солена вода за да ги ублажат ефектите од изложеноста на загадување, според „Гардијан“ .

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни