Предупредување за сосптвениците на кучиња: Еден есенски плод е отровен за милениците

Иако есента можеби е омиленото годишно време на многу луѓе, таа со себе носи и одредени опасности – особено за кучињата.

Експертите ги советуваат сопствениците на кучиња да бидат внимателни при шетањето бидејќи плодовите на див костен, кои паѓаат наесен, може да бидат смртоносни за домашните миленици. Според експертите за кучиња, семките од див костен содржат опасен отров.

Ако кучињата ги јадат, може да предизвикаат непријатни симптоми како повраќање крв, болки во стомакот, дијареа и тремор. А во екстремни случаи, може да доведат дури и до респираторна парализа и смрт.

Нивните плодови лесно се забележуваат – или изгледаат како сјајни, тркалезни, црвено-кафени топчиња или имаат зелена „школка“ со боцки. Експертите ги предупредуваат луѓето да ги држат кучињата подалеку од нив додека шетаат.

Портпаролот на продавницата „Кенел“ рече „Дивите костени се отровни за кучињата бидејќи содржат отров наречен ескулин, кој може да предизвика повраќање и стомачни проблеми кај кучињата. Ако се јаде во поголеми количини, последиците можат да бидат сериозни и во ретки случаи фатални“.

Според нив, симптомите на труење со див костен обично се појавуваат во рок од еден до шест часа по ингестијата, но може да се одложат и до неколку дена.

Овие симптоми вклучуваат: повраќање кое може да содржи крв, дијареа, течење на носот, болки во стомакот, зголемена жед, одбивање храна, криво одење, немир, треперење на мускулите, отежнато движење.

Тежината на симптомите зависи од количината на изеденото овошје и големината на вашето куче. Ако не се лекува, труењето со див костен може да доведе до токсичен шок, респираторна парализа, па дури и смрт, така што третманот е од витално значење и може да го спаси животот на вашето куче.

Извор: Мирор

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни