Предновогодишно детско диско во МКЦ

Организаторите истакнуваат дека целта на KIDS DISCO е да се креира модерно, забавно и едукативно искуство

Во Младинскиот културен центар – Скопје, на 28 декември (недела) со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи специјално издание на детската предновогодишна забава KIDS DISCO, наменета за деца од 2 до 12 години.

„Идејата за KIDS DISCO се роди од желбата да се врати духот на детското диско од 90-те, што некогаш беше омилено место за забава во Младинскиот Културен Центар. Со оваа иницијатива, сакаме да создадеме модерна верзија на таа магија: сигурна, креативна и незаборавна забава за најмладите, во духот на едно убаво детство. KIDS DISCO е омаж на една традиција која заслужува да продолжи овој пат со нов ритам и многу повеќе боја.“ велат организаторите.

Настанот е креиран во соработка со педагози и детски професионалци, со цел да обезбеди квалитетна, културна и контролирана атмосфера, каде најмладите посетители ќе уживаат во забавна и динамична програма, специјално прилагодена за нивната возраст.

Програма и активности:

Детски DJ со внимателно селектирана музика
Маскоти и интерактивни игри
Професионални акробатски настапи
Аниматори, игри, танци и бројни изненадувања
Face painting и моделирање балони
Безбедносни стандарди и контролирана атмосфера за најмладите

Организаторите истакнуваат дека целта на KIDS DISCO е да се креира модерно, забавно и едукативно искуство, кое ќе ја врати магијата на едно убаво детство, истовремено прилагодено на денешните стандарди на безбедност и креативна анимација.

Редовната цена на билет е 400 денари и истите се достапни преку продажната мрежа на www.kupikarta.com.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни