Предновогодишен концерт на Симон Трпчески во арената „Борис Трајковски“ 

Новогодишните празници ќе ги разубавува најпознатиот македонски пијанист Симон Трпчески. Тој на 20 декември во арената “Борис Трајковски“ заедно со макеоднски уметници ќе одржи предновогодишен концерт “. 

На прес конференција, Трпчевски рече дека му е мило што со овој концерт на поврзување на класиката и на поп композициите, уште повеќе ќе ја добилижиме публиката, а пред се децата… Ова го гледам како еден вид предизвик зашто е прв новогодишен концерт целно направен во Македонија. Имав одамна желба да направам нешто вакво. Она што мене ми импонира е дека на овој концерт македонските музичари ќе имаат можност да се претстават на врвно уметничко ниво, рече Трпчески.

Концертот го организира „Прагма продукција“ и ќе има два дела – во првиот е свита од балетот „Оревокршачка“ на Чајковски со четирирачна изведба на пијано, за која на Трпчески ќе му се придружи пијанистот Шкељзен Бафтијари, негов поранешен студент, активен во образовната дејност.  Ќе настапи дел од балетскиот ансамбл на НОБ и балетските првенци Марија Кичевска  и Бобан Ковачевски.

Во вториот дел од програмата, која денеска на прес-конференција ја соопшти Трпчески, ќе биде класичен репертоар и изведба на дела од Моцарт, Лехар, Верди, Штраус…, изведени од, како што рече, „цела палета музичари“, меѓу кои ќе бидат и членови на ансамблот на неговиот проект „Македонисимо“. Ќе бидат изведени и избор од класици во поп музиката, како легендите Дин Мартин, Френк Синатра, Нет Кинг Кол…, до помладите Мараја Кери и Мајкл Бубле. 

Според Трпчевски овие нумери ќе бидат слушнати во „поинакво руво“, обработени специјално за овој концерт од композиторот Панде Шахов. Ќе настапат и двајца оперски солисти – сопранот Гонца Богоромова-Краповски и баритонот Иван Наумовски кои, рече, ќе дадат поинаква димензија на овие класици. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни