Одржувањето на баланс на хормоните е од клучно значење за целокупното здравје и благосостојба. Хормоните играат витална улога во регулирањето на различните телесни функции, вклучувајќи го метаболизмот, расположението, спиењето и репродуктивното здравје.
Еден од начините за одржување на хормонален баланс е здравиот начин на исхрана кој вклучува храна која е добра за хормоналното здравје како што e: зеленчукот, здравите масти, влакна и антиинфламаторни зачини.
Најважно е да знаете дека континуитетот е клучен, затоа предлозите за појадок во продолжение треба да бидат дел од вашата дневна рутина за да ги искусите долгорочните придобивки за природен баланс на хормоните.
Зелено смути
Еден од предлозите е освежително зелено смути кое е преполно со состојки за балансирање на хормоните. Најпрво, додадете спанаќ кој е богат со магнезиум и помага во регулирањето на кортизолот, хормонот на стресот. Потоа, во вашето смути додадете и авокадо и крставици, авокадото обезбедува здрави масти кои го поддржуваат производството на хормони, додека краставиците содржат силициум диоксид, кој промовира здрава коса и кожа.
Лененото семе е одличен извор на омега-3 масни киселини и влакна, кои помагаат во хормоналната рамнотежа, па затоа ќе биде одличен додаток во вашиот појадок.
Киноа пудинг со бобинки
Пудинг полн со протеини кој ги комбинира хранливите состојки на сите намирници. Киноа, бобинки и грчки јогурт измешани заедно во пудинг се одлични за хормоналното здравје. Киноата содржи есенцијални амино киселини кои помагаат да се стабилизира нивото на шеќер во крвта, спречувајќи скокови на инсулин.
Бобинките се богати со антиоксиданси кои се борат против воспалението, додека грчкиот јогурт обезбедува пробиотици за здравјето на цревата. Чиа семињата се одличен извор на омега-3 масни киселини и влакна, помагајќи во регулирањето на хормоните.
Омлет со зеленчук
Овој појадок e богат cо протеини и со есенцијални хранливи материи за поддршка на хормоналната рамнотежа. Јајцата се одличен извор на витамин Д, кој е неопходен за производство на хормони. Зеленчукот обезбедува низа витамини, минерали и влакна кои придонесуваат за целокупното хормонално здравје. Додавањето разновиден зеленчук обезбедува разновиден профил на хранливи материи кои се задоволувачки за почеток на денот.
Чиа пудинг со бадемово млеко
Чиа семето е познато по својата нутритивна моќ позната по својствата за балансирање на хормоните. Ова семе е богато со омега-3 масни киселини и растителни влакна, кои го помагаат варењето на храната и промовираат регулација на хормоните.
Бадемовото млеко е богато со магнезиум а исто така обезбедува и калциум и витамин Д, важни за хормоналното здравје. Разновидноста на чиа пудингот овозможува бескрајни варијации, што го прави удобна и хранлива опција за појадок.
Овесна каша со куркума и ѓумбир
Куркумата и ѓумбирот се моќни антиинфламаторни зачини кои можат да помогнат во балансирање на хормоните. Куркумата содржи куркумин, познат по своите антиоксидантни својства, додека ѓумбирот го помага варењето и го намалува воспалението. Овесот обезбедува влакна и сложени јаглехидрати, кои го стабилизираат нивото на шеќер во крвта и го поддржуваат хормоналниот баланс. Овесниите снегулки можете да ги подготвите со млеко или вода а потоа во нив да додадете куркума и ѓумбир.
Извор: https://www.bodyandsoul.com.au/nutrition/healthy-recipes/5-hormone-balancing-breakfasts-approved-by-a-nutritionist/news-story/aac74e65bf9ce9cb783d20af1c04b0cb