Предложен притвор за четири лица за пожарот во Трубарево

ОJO обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица за кои вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор

Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази, соопшти вечерва Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

– Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица, се вели во соопштението.

Во текот на денот, јавниот обвинител издаде повеќе наредби за обезбедување докази по кои се уште постапуваат надлежните органи, а се очекуваат и резултатите од извршените мерења на загадувањето од Министерството за животна средина. 

Како што претходно најави ОЈО, увидот на лице место за сега не е возможно, а кога ќе се создадат услови ќе биде извршено и вештачење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни