Трето издание на АI Tech Summit во Скопје

Предизвиците и стравот од вештачката интелигенција

Вештачката интелигенција цело време се повеќе и повеќе напредува. Но, нема опасност дека таа ќе ги замени луѓето, ама луѓето што не користат вештачка интелигенција ќе бидат заменети од луѓе што користат вештачка интелигенција

Третото издание на AI Tech Summit ќе се одржи на 3 и 4 октомври во Македонската Опера и Балет. После првото издание во Скопје и второто во Малага, AI Tech Summit годинава ќе донесе повеќе од 20-тина говорници од странство, но и од регионот. Се очекува ова да биде најголем регионален технолошки самит.

-За разлика од минатата година, годинава голем дел од фирмите и луѓето ентузијасти за вештачка интелигенција, се веќе запознаени со AI Tech Summit- от. Има огромен интерес од регионот, посебно од Србија, Косово, Албанија, но имаме голем интерес и од цела Европа, па дури имаме заинтересирани учесници од САД. Тоа се компании кои што работат на полето на вештачката интелигенција, но исто така имаме голем интерес од компании кои што не се толку запознаени со моќта на вештачката интелигенција и сакаат да научат нешто повеќе или да применат некои од технологиите во нивните индустрии и во нивните фирми. И впрочем како што кажав, ова е мулти- димензионален самит на вештачка интелигенција каде што луѓе од најразлични индустрии ќе зборуваат како апликативно  ја применуваат вештачката интелигенција во нивните компании. Инаку зборуваме за говорници од „ Amazon “, „Google “, „Nvidia “, „Vodafone “, „Microsoft “, „Ubes“ од финансискиот центар, „JPMorgan Chase “… Имаме голема плејада на меѓународни учесници и говорници кои што ќе зборуваат како апликативно ја применуваат вештачката интелигенција во рамки на нивните компании и нивните индустрии – вели Филип Аврамчев, еден од организаторите на АI Tech Summit.

Филип Аврамчев

И додека за многумна Вештачката интелигенција е моќна алатка за работа, кај дел и понатаму останува стравот од неа. Дали таа ќе стане толку неопходна, што ќе ги замени луѓето во процесот на работа?

– Нормално е дека постои страв, бидејќи вештачката интелигенција цело време се повеќе и повеќе напредува. Значи и за голем дел од луѓето што работат на тоа поле, многу брзо се менуваат работите и многу брзо треба да смислувате нови работи и нови начини на примена на вештачката интелигенција. Дека ќе ги замени луѓето, нема да ги замени луѓето, ама луѓето што не користат вештачка интелигенција ќе бидат заменети од луѓе што користат вештачка интелигенција. Така што мој совет е што повеќе да читаат и да учат за се поголемата примена на вештачката интелигенција и да применуваат од овие нови технологии во своите индустрии, во својата работа и во својот личен развој- вели Аврамчев.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни