„Предизвици во националното алармирање за исчезнати деца“: Зајакнување на системот за алармирање

Да се зајакне системот за алармирање за исчезнати деца и да се унифицира известувањето преку каналите за информирање на јавноста (електронски, печатени медиуми и телефонски оператори), беше заклучено на тркалезната маса „Предизвици во националното алармирање за исчезнати деца“ која се одржа денеска во Скопје во организација на НВО Новинари за човекови права.

НЧП, како оператор на системот за алармирање за исчезнати деца и лица „Најдиме.орг.мк“ ја организираше тркалезната маса во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на исчезнати деца – 25 мај.

Претставници од повеќе институции и општествени чинители, МВР, канцеларијата на Народен правобранител, Агенција за заштита на лични податоци, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Македонското здружение на млади правници, граѓански организации дискутираа за можностите и предизвиците во процесот на законско усогласување и потребни измени со цел унифицирање на систем на национално алармирање за исчезнати деца.

Изнесените мислења и ставови ќе бидат споделени како предлог за законски измени со цел институционализирање на системот за алармирање за исчезнати деца. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни