Музејот на современа уметност – Скопје го организира предавањето: „Една изложба: Fantastic Art, Dada, Surrealism, МоМА, Њујорк, 1936-37“ што ќе го одржи академик Влада Урошевиќ во кино-салата на Музејот, на 29 април (вторник), во 19 часот.

Влада Урошевиќ, академик, редовен професор (во пензија) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Покрај другите книги, ги објавил: „Чуда и чудовишта – за фантастиката во сликарството“ (2001) и „Измислени светови – за надреализмот во сликарството“ (2003).
Во 2023 година ја објавил, заедно со Лидија Капушевска-Дракулевска, книгата „Птици во аквариум – надреализам 1924 – 2024“ (награда „Димитар Митрев“ на ДПМ). Низ повеќе написи го следел творештвото на повеќемина сликари.
Во ликовниот салон на МАНУ имал две изложби (во 2013 и во 2025) на кои излагал дигитални колажи.