Предавање на грчката професорка Ана Анастасијади-Симеониди на Филозофскиот и Филолошкиот факултет во Скопје

Пред колегите од Филозофскиот и од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, вчера одржа предавање Ана Анастасијади-Симеониди, почесна професорка од Универзитетот „Аристотелис“ во Солун. Таа по специјалност е лингвист, а своето образование го комплетирала на „Сорбона“ во Франција.

Предавањето на светски реномираната професорка, авторка на бројни трудови од областа, беше насловено „ДРВО и ПЛОД – Теорија-Трансвременоста-Настава“.

Таа е во земјава во рамки соработката за промовирање на грчкиот јазик и култура на академско ниво, поддржано од Грчката Амбасада во Република Северна Македонија. За време на посетата, професорката Анастасијади-Симеониди, исто така, ја збогати библиотеката на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет со подарок книги.

Професорката по лингвистика на Одделот за филологија на Универзитетот „Аристотел“ завршила магистерски студии на Универзитетот „Париз 3“ и докторски студии на Универзитетот во Атина. Таа предавала како визитинг-професор на многу европски универзитети, односно „Сорбона“- Париз 4, ИНАЛКО во Париз и на Универзитетот во Кипар. Таа е авторка на 10 книги.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни